Skip to content

18 начини за грижа на менталното здравје кои можат да се практикуваат веднаш

Начини за грижа на менталното здравје за наша среќа, ги има во голем број. Наше е само да одлучиме кои од нив ќе ги применуваме во секојдневието. Прочитајте во продолжение за да дознаете подетално. Писателката Елизабет Скот ќе напише дека: „еден ден можеби нема да ги реши тешките скриени проблеми кои водат до исцрпеност, ден посветен на менталното здравје е многу потребна пауза за одмор, регрупирање и намалување на стресот со зголемена енергија и свежа, помалку стресна перспектива.“

Без разлика дали секој ден или само еден ден го имате за пауза и посветување на менталното здравје, не би сакале времето да го потрошите грижејќи се како максимално да го искористите. Една опција е да се разбудите и да ги следите вашите природни инстинкти што ви ги испраќаат телото, умот и душата. Секој од нас има создадено своја утринска, дневна и вечерна рутина во периодот кога е ослободен од обврски. Исто така имаме рутини и кога сме преплавени со работни и останати задолженија.

Големата оптовареност со задачи, рокови, учење, планови, настани, состаноци и средби сама по себе си бара дополнителна грижа за менталното здравје. На телото му треба одмор од физичка исцрпеност, а на мозокот од ментално исцрпување. Доколку немате план како да си го направите денот помалку стресен и да се опуштите, читајте ја листава во продолжение. Се надеваме дека ќе ви дадеме некоја дополнителна идеја која можете да ја примените уште веднаш.

1. Пешачење, трчање, пливање или истегнување или друга физичка активност

Најдобар начин за ослободување од вишок енергија, а воедно и полнење со нова.

2. Готвење некој посебен рецепт (или нарачка до дома)

Готвењето нови рецепти кои досега не сте ги зготвиле само по себе знае да биде забавна активност. Ако не сакате да зготвите секогаш постои опција да порачате храна, овојпат нека биде некој специјалитет што ќе го пробате за првпат.

3. Направете плејлиста со песни кои ќе ви го подигнат духот

Изборот на музика е огромен, а со достапноста на интернет има многу начини за да се креираат плејлисти кои ќе уживате додека ги слушате. Ставете си ги најомилените песни кои ќе ве расположат, слушајте ги најмалку еден час. Ќе забележите како стресот полека ќе почне да испарува.

4. Запалете нова свеќа, прснете со парфем или освежувач за простории

Доколку немате свеќи или освежувач, можете да си купите или да се обидете сами да си креирате освежувач за домот којшто ќе му даде прекрасен мирис.

5. Јавете се кај пријател/ка или член од семејството кој ќе ве насмее и многу ви значи

Некогаш разговор од половина час е сосема доволен за да се подобри расположението. После сподеувањето на мислите, но и слушањето на другата страна, се јавува чувство дека сте разбрани, дека не сте сами. Многу е убаво кога мислите можат да се споделат со некоја значајна личност во животот, нели?

6. Расчистете еден простор во вашиот дом или канцеларија

Одмарањето или работењето во уреден, чист и среден простор ја подобрува продуктивноста. Ако во домот или на работа имате неуреден простор, средете го и веднаш ќе забележите разлика. Ќе се чувствувате поорганизирано, помотивирано и посконцентрирано.

7. Запишете се на онлајн курс или активност за која сте заинтересирани

Ова може да се направи и од удобноста на домот, во моментов постојат многу онлајн курсеви, ваше е само да одберете и да почнете.

8. Разгледајте ги старите фотографии кои ве потсетуваат на луѓето и местата што ги сакате

Иако разгледувањето на одредени фотографии може да побуди носталгични чувства, убаво е да се потсетите на некои подзаборавени места што сте ги посетиле во минатото. Ќе забележите колку работи се промениле досега, а ќе ви се засили и желбата да создавате нови фото-спомени.

9. Гледајте некој стенд ап комичар или пуштете си некоја комедија

Смеењето е половина здравје, а сигурно добро ќе ви дојде едночасовно ослободување од грижите.

10. Сретнете се со ваш/а пријател/ка со која не сте се виделе долго време

Дури и ако не сте комуницирале долго време вашето пријателство може да се обнови ако има обостран интерес. Средбата со старите пријатели со кои делите убави моменти секогаш делува “терапевтски“.

11. Закажете сеанса/средба со психолог/психотерапевт

Овој чекор можеби делува најзастрашувачки, но е голема промена во насока за грижа за вашето ментално здравје. Разговорот ќе биде појдовна точка и огромен доказ дека вие се однесувате со одговорност кон себе и своите тешкотии. Секогаш можете да прекинете со посетата и разговорите доколку сметате дека психотерапиајта не ви помага. Додека не се обидете, нема да знаете нели?

12. Молете се или медитирајте

Молењето или медитацијата се докажани практики кога е во прашање намалувањето стрес и ослободувањето од грижи. Темна или тивка просторија, време само за вас во кое ќе ги опуштите телото и духот. Време за ослободување, ново вдахновение.

13. Одете на масажа или третман за “разубавување“

Дури и ако не можете да си ги дозволите, секогаш можете да побарате масажа од партнерот или сами да си направите третман. Потребен е мал ангажман, а потоа ќе се чувствувате многу подобро.

14. Читајте книга која ви се допаѓа

Во морето од наслови секогаш има некој автор чиишто книги сакате да ги прочитате. Одберете, заземете удобна позиција и ѕирнете во богатството преточено на хартија. Потсетник зошто е важно читањето – овде.

15. Закажете кај вашиот фризер/ка

Промената на фризурата или само малото скратување на вашата коса е позитивна промена што ќе ве освежи.

16. Поминете одреден период покрај вода или во планина

Самото присуство на водата или свежиот воздух ќе биде доволно за да бидете поопуштени и посмирени. Придобивките од прошетката и дишењето чист воздух нема потреба ни да ги набројуваме.

17. Одете на жива свирка, претстава или концерт

Театарска претстава, свирка или концерт секогаш е одличен избор кога сакате слободното време да го поминете на културен начин. Што и да одберете нема да згрешите, а секогаш може и комбинација од трите.

18. Исклучете го вашиот телефон, интернет и не ги вклучувајте минимум еден час

Мала детоксикација со огромна ментална сатисфакција. Без известувања, мејлови, апликации што испраќаат пораки на вашите екрани, одморете од електронските уреди. Не дозволувајте телефонот и компјутерот да ви го одземаат внатрешниот мир.

Прочитајте ги и следниве 30 мисли за здравјето кои вреди да бидат прочитани.

Напишете коментар