Skip to content

10 инспиративни цитати за книгите и читањето

За денес ви подготвивме десет инспиративни цитати за книгите и читањето од десет различни автори. Уживајте во читањето.

1. „Некои книги се за да бидат вкусени, други за да бидат голтнати, но само неколку се за да бидат изџвакани и сварени.“ – Френсис Бејкон

2. „Дом без книги е како тело без душа.“ – Марко Тулиј Кикерон

3. „Човекот кој не чита добри книги не е ништо подобар од човекот кој не знае ни да ги прочита.“ – Марк Твен

4. „Книгата е сон што го држиш в раце.“ – Нил Гејман

5. „Оној којшто чита живее 1000 животи пред да умре. Оној којшто не чита живее само еднаш.“ – Џорџ Р. Р. Мартин

6. „Кога ќе се навратам назад, толку многу сум импресионирана од животната моќ на литературата. Ако денес бев млада личност која се бара себеси во светот, јас тоа повторно ќе го направам преку читањето, исто како што правев кога бев млада.“ – Маја Анѓелу

7. „Јас велам дека не постои такво уживање како читањето! Човек бргу се изморува од сѐ освен од книга! Кога ќе имам сопствена куќа, би се чувствувала мизерно доколку немам одлична библиотека.“ – Џејн Остин

8. „Постојат луѓе, меѓу кои сум и јас, кои се чувствуваат подобро само што ќе погледнат книга.“ – Џејн Смајли

9. „Најголемиот универзум се содржи во колекција на книги.“ – Томас Карлајл

10. „Можеби не постојат подобро исполнети денови од нашето детство, од оние поминати со омилената книга.“ – Марсел Пруст

Прочитајте и „10 извондредни цитати од 10 извондредни поети”.

Напишете коментар