Skip to content

Сончеви протуберанции – Влада Урошевиќ

Денес издвојуваме уште една прекрасна поема на великанот Влада Урошевиќ, чија поезија низ екот на фантазијата ни носи баш реални заклучоци. Уживајте.

Се шират како ‘рѓа сончевите дамки:
од јаболкото на сонцето отровни ‘ркулци ‘ртат.
Поради нив самоубијците си навлекуваат јамки
а наеднаш полудените во кругови се вртат.

Во телефонската централа, со расплетена коса,
една телефонистка по цел ден пелтечи и блада.
Гулабите-писмоносци писмата не ги носат
туку им ги вадат марките и во сласт ги јадат.

Но најстрашна работа е со радио-брановите.
Ниедна од вестите повеќе не точна.
Се престасуваат и се мешаат старите и новите
и светот мисли дека вчерашните војни од утре ќе почнат.

Напишете коментар