Skip to content

Вечен мај – А. Лефкоска

Птици да пеат,
да ти читам Аморети,
лисја да шумолат,
Сонце да свети,
да се бришат ко песокот од Вардар
тагата и жалта,
да се уќутат усти клети
удавени во калта.

Птици да пеат,
да ти читам Шекспир,
ветре да дува,
да ти смири немир,
да ти гали коса густа
дур шумолат лисја,
да се огледаш низ среќа
во водата чиста.

Птици да пеат,
да ти зборам тивко,
тивко зборој нежни,
да му нема на нашето крај,
Месец да гали, утро да те буди,
в прегратки кај мене в вечен мај.

Напишете коментар