Skip to content

„Свечена песна за Св. Кирил и Методиј“ изведена од детски хор при ООУ „Блаже Конески“ од Прилеп

„Свечена песна за Св. Кирил и Методиj“ изведена од младите хористи од основното школо „Блаже Конески“ од Прилеп. Го споделуваме видеово за сите што не го слушнале по повод денешниот празник – 24 Мај. Видеото ќе ви го стопли срцето, јас веќе три пати го преслушав, големо браво за наставничката Маја Црвенкоска која ги менторирала учениците. Слушнете ги како звучат, уживајте во слушањето!

Мешан хор ООУ „Блаже Конески“ – Прилеп

Текстот

Да славиме денес светол празник, да славиме и да пееме,
за браќата Кирил и Методиј, за нашите просветители.
„О, колку сме ви благодарни, за сè што сторивте за нас.
Во мракот вие бевте светлост, за секој словен бевте спас!“.
Ни створивте сесловенско писмо, ни створивте светло среде мрак,
и писменост која вечно зрачи, насекаде како сончев зрак!
О, колку сме ви благодарни, за сè што сторивте за нас.
Во мракот вие бевте светлост, за секој словен бевте спас!“.
Да славиме денес светол празник, да славиме и да пееме,
за браќата Кирил и Методиј, за напиште просветители.

Предлог видео и детска песна „Поезија за македонска азбука“.

Напишете коментар