Skip to content

Земја македонска – Александар Саша Трајковски

Се ферментираш во бовчите стари,
оставени во завештанието,
од предците пред векови.
Чувствителна на секој комплимент,
овековечен во Светото писмо библиско,
како виното старо во бовчите од светлината денска.
Имотен лист за моето суштествување.
Зоната на интимност на секој Македонец,
што морници го лазат од гордост,
кога ќе ти го споменат името славно.
Секогаш горд и возвишен,
пред да истури дождот пороен,
од пофалби за светоста твоја исконска.
Ти си убавица многуглава,
која уште повеќе се возвишува,
кога некој зловолно ја обезглавуваат.
Постојано свесна на неправдите
сторени кон тебе од своите и туѓите,
но одново и одново се исправаш,
од дамнини низ небиднини,
до нови иднини,
свесна дека немаш повеќе време,
за нови одлагања и потклекнувања.
И на постелата смртна,
вечно мајко ќе живееш во нас,
во срцето на синовите твои.

Напишете коментар