Skip to content

Тага – Ива Марија Зероска

„Тагата се вовлекува низ истиот тој премин низ кој сме го пуштиле светот на привидот и на бессмислата.” – Елен Гримо

Можеби и ние самите си ја правиме тагата, кога би се помириле и би продолжиле понатаму би било сè поинаку. А како би продолжиле кога во топла насмеани лица бараме еден пар очи? Сини со длабочина на морето, а всушност и се давиме во таа длабочина. А како би продолжила кога на секоја улица те има, на секој чош, на секој пешачки премин, на секоја клупа…

Те има и во дождот, оној на кој некогаш бевме среќни, а денес баш тој истиот ги крие нашите солзи. И како би продолжила кога те има во секоја песна, а животот без музика е само една монотонија. Монотонија која е присутна откако замина, која не сака да замине, а знае дека мора. И можеби сè е во тој еден чекор кој не сакаме да го направиме, само за да не се изгубиме низ толпата. Само за да не најдеме нов пар очи. Ако најдеш нов пар очи, би биле идентични на оние кои ни недостасуваат, само за еден дел од празнината да се пополни. А празнина ќе чувствуваме секогаш, сè додека некој не направи прв чекор, а тој е секогаш најтежок. А што ако никој не го направи тој прв чекор? Би биле “Титаник” во тие длабочини, на еден пар очи.

Ива Марија Зероска

Напишете коментар