Skip to content

Бегство во шумата – Руми

Некои души се ослободиле од своите тела.
Ги гледаш ли? Отвори ги очите за оние
кои избегале за да сретнат други бегалци,

чии срца се здружуваат зашто
ги напуштаат своите лаажни себе
за да заживеат во вистинското јас.

Не ми е гајле ако моите пријатели
скитаат некое време.

Ќе се вратат како насмеани пијаници.
Жедните умираат од својата жед.

Славејот некогаш одлетува од градината
за да пее во шумата.

Напишете коментар