Skip to content

Вечности – Анте Поповски

Анте Поповски е роден на 3 јуни 1931 година во с. Лазарополе, Дебарско. На денешен ден се родил, а да беше меѓу нас ќе го прославуваше 91 роденден. Тој ќе биде вечно присутен преку неговото творештво, сè додека има кој да го зачува, негува и почитува. Вечност постанал со неговото заминување, преминал од овоземниот во другиот свет оставајќи ни трајни литературни белези во аманет. Во продолжение неговата песна „Вечности“ од збирката „Ненасловена“ (1981).

Вечности

Кога ќе поминел овој камен
покрај оној камен
овој камен од жал се свртувал
за да не го гледа оној камен.

Кога ќе поминел оној камен
покрај овој камен
оној камен од жал се свртувал
за да не го гледа овој камен.

Овој камен натаму свртен
Оној камен наваму свртен
од која страна да погледаш
само гледаат како каменеат:

луѓето, бликите, птиците
Го скаменуваат и ова мало столетите
и ја продолжуваат земјата
овој камен и оној камен.

„Македонија“ – Анте Поповски – рецитација

На следниот линк прочитајте ги стиховите „Tohu va bohu 2“.

Напишете коментар