Skip to content

Чекор кон иднината – Наталија Н.

Не е залуден секој чекор изминат,
и тапкањето во место е знак,
и ползењето и куцањето бавно,
и пливањето и скокањето,
и трчањето и мирувањето едноставно,
се сведоштва на постоењето.

Нашиот чекор води кон иднината
шарените боички ги држиме во раце сега
и со секое отчукување на часовникот
ги боиме празните листови хартија
минута по минута, час по час
боичките стануваат сè помали.

Напишете коментар