Skip to content

Песната на дождот – Јон Деаконеску

Демнат пријателите
Со скриениот блесок на секирата,
Да не си го отуѓам сонот
Преиначен во радост и празник.

Во толку забрзани времиња
За сè се суди во отсуство,
Песната на летната песна стана
Дамнешен спомен,
А сенката нема
Никаква иднина,
Слично на соништата
Паднати во немилоста на срцето.

Сега само ехото
Ми го препознава викањето.

Извадок од „Осудата на поетот“ (2012)

Напишете коментар