Кратка средба за незаборав

Осетив мирис на бела боја и облачна замелушеност

Не можев да поверувам дека црнината станала бела

Течна склуптура која се прелева низ прстите

И и зададов облик на жена, но немаше лик, само простор

Го опфати сивилото на чадот и радоста на темјанот

За да се обликуваш,

И те видов, те видов како чекориш со скриен поглед

Некој го пееше твоето име

Но, ти не се стрепна, не ме ни погледна

Мислеше дека си Ефридика и ако ме погледеш ќе станеш Ад

Но, јас те видов,  не можев да оддолеам на опевот

Та мирисот стана мрачен и земјен како незаборавка

И повторно, повторно белината потемне

Ох, зарем толку кратка беше нашата средба?

Само спев и темјан, толку ќе остане

Од неа во незаборав…

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели