Skip to content

На Хрватска

Далматинско вино прелеано со сонце од виножита

Во две бои,

Шаховница

Омаен поглед од убавина на лозја посеани на морска шир,

Ливаѓе на планине динарске , варовник влексан во врвови без

Се наѕира на Јадранот, се велича во пламени сончеви зраци

Врел камен чиниш прска маслината во маслиновата Истра

Напивка од Бога

Амброзија од Плавац и Пељешац

Од Брач и Бол, од Корчула и Копривница

Далматинска кралица завеана со син превез

Рагуза која срамежливо се смешка и ѕидините свои ги скрива

Од бесрамните погледи на сите случајни минувачи низ времето.

Одамнина Вучидол те раскрилува со својата голубица

И немо те заштитува од морската пена

Горда си како паун, силна како стена!

Те чува Јадран и те возљубува со круна

Кралица си на Медитеранот!

Напишете коментар