Skip to content

Петре М. Андреевски: Цитати за животот, љубовта и пријателството

За денес ви приготвивме пет цитати од Петре М. Андреевски напишани за животот, љубовта и пријателството. Уживајте во читањето.

1. „Пријателот ти е роднина кого самиот си го избираш“. („Пиреј“)

2. „Ништо не е повидливо и ништо не е поприсутно од твоето отсуство“. („Дениција“)

3. „Ама срцето човечко било бунар: само се полни, а не се преполнува“. („Пиреј“)

4. „Останало животворната вистина да ја откриеме откако ќе сфатиме дека не можеме да живееме оддалечени од некого, без кого не можеме“. („Тунел“)

5. „Само ако имаме нешто за сеќавање, само тогаш знаеме колку време сме биле заедно и колку време сме живееле и зошто треба да го браниме тој живот“. („Тунел“)

Прочитајте и „Пет цитати за животот кои секој треба да ги прочита“.

Напишете коментар