Skip to content

Пет народни гатанки за разигрување на умот

Во прилог можете да си го разиграте умот со гатанки извадени од трезорот на македонското народно богатство.

1. Од куќа до куќа оди, а внатре не влегува. (ацилу)

2. Напред оди, назад не се враќа. (емерв)

3. Врви пред сонцето, а не прави сенка. (ретев)

4. Еве ја, ене ја, ја нема. (аркси)

5. Две сестри сè гледаат, а самите себе не можат да се видат. (ичо)

Прочитајте и „10 народни гатанки за разигрување на умот“.

Напишете коментар