Skip to content

Сонет бр. 98 – Вилијам Шекспир

Деведесет и осмиот сонет од Шекспир е можеби тотална спротивност на осумнаесетиот. Во овој сонет поетот повторно се наоѓа сред пролет, но е толку несреќен и раздразлив што ниту прекрасната природа, ниту убавите животни не можат да го поправат неговото расположение. Поетот, се чини, во овој сонет тагува по својата љубов.

Те немаше со мене цела една пролет
кога моќно-сјајниот април, облечен во радост
го исполни светот со младешка полет,
па и тешкиот Сатурн рипаше в сладост.
Нити црцорот птичји нити сиот мирис
од опојните цвеќиња не беа порив
булките да ги скинам од дршките мили
или душава моја ведро да говори.
За белата слабика восхит немав,
нити пурпурот го фалев на трендафилот китен;
сѐ што е лично од твојата убавина зема,
сѐ на тебе личи, урнек единствен си за сите.
Без тебе и пролетта ми е само зима,
сјајот нејзин твојата темна сенка ја има.

Прочитајте и „Сонет 18 – Вилијам Шекспир“.

Препев: Проф. д-р Драги Михајловски

Напишете коментар