Skip to content

Рибите во реката – Зен приказна

Еден прекрасен ден заедно со својот пријател, Чуанг Це излегол на прошетка. Времето било убаво, па затоа двајцата пријатели се одлучиле да прошетаат и покрај реката во која дента,  стотици риби неуморно пливале. Кога Чуанг Це ги здогледал рибите како пловат и се шлапкаат низ водата, се насмевнал, „Погледни пријателе, како убаво си пливаат рибите“, рекол тој, „тие навистина уживаат.“

„Но, ти не си риба“, одговорил пријателот гледајќи ги рибите, „така што не можеш да знаеш дали тие навистина уживаат.“
Чуанг Це, слушајќи ги зборовите на пријателот, се замислил.
„Но и ти не си јас.“, рекол тој по некое време „па така, како може да знаеш дека јас не знам дека рибите уживаат?“

Прочитајте ја и приказната „Зајакот и Желката“.

Напишете коментар