Skip to content

Венко Марковски – Илинден

Вениамин Миланов Тошев (Скопје, 5 март 1915 – Софија, 7 јануари 1988), познат под псевдонимот Венко Марковски – македонски и бугарски поет, академик на БАН, драмски писател и еден од основоположниците на современата македонска книжевност. Заради творештвото на бугарски јазик југословенските власти го прогласуваат за предавник на македонскиот народ. По 1975 бил обезбедуван од бугарските тајни служби, бидејќи имало информација дека му е загрозен животот од УДБА. Неговите песни се творени на македонски јазик и исцело во духот на македонската народна поезија, тој дозволи да го претставуваат како надарен бугарски поет. Ви претставуваме песна од еден од најконтроверзните творци од нашето блиско и малку подалечно минато.

Илинден

I

Ни глас,
ни шум,
ни ек.
Штама.
Сал раја на рид
и Абдул Амид.

Еден
сред арем
младос пие,
а друг
под јарем
снага вие.

II

Mрак.
И веднаш
над Бигла,
над Баба,
над Бабуна,
Над Перистер –
куршуми врели
т’чат како град.
ВРЕВА
И село и град,
и стар и млад,
и гладен и сит,
и умен и лит,
и богат и бос,
и учен и прос,
и сакат и слеп,
за слобода,
за правда,
за леп
се крева
НАРОД ЦЕЛ.
Ни мамуз, ни ат,
ни јаки на врат,
ни форма, ни строј,
ни број –
по кошули,
по гаки
со с’рп!
И безброј с’рца и едно с’рце биат,
от безброј очи вивка к’рф и јад –
под тешка старос старци ропство риат,
низ дим и барут момци в младос вриат,
со песни в борба влага брат до брат!

III

Крушово срипа от сон.
Г’рмат камбааните на Св.Никола.
Јачат пушки.
Настана свет.
Еден селанец падна.
Зора.
Алабак гори
век.
Од југ
на коњ
ф с’рмена носиа –
Питу Гули.
Казармата е ф пламењ.
Бегат Турци
без фесои,
без пушки,
без ред.
Над Крушово осамна ден.
Веселба,
Танец.
Песни.
МАКЕДОНЕЦ
и
ВЛА…
се збират,
се збират,
се збират,
купче по купче –
како пчели –
от сегде извира
свет.
Тежат сокаците,
КОМИТИ,
СЕЛАНИ,
ГРАЃАНИ –
глас
по
глас –
ни пречка,
ни кавга,
ни шум –
КОМИТИ,
СЕЛАНИ,
ГРАЃАНИ –
глас
по
глас –
ни пречка,
ни кавга,
ни шум –
СИТЕ СО ЕДЕН УМ
РЕПУБЛИКА
ПРЕСЕДАТЕЛ
КАРЕВ.
Се бацуат,
а с’зи им капат,
им капат,
им капат.

IV

Мостови,
железници,
воденици
виат,
бучат,
г’рмат.
Вивнал Демир Исар
Пиперка развек бајрак.

V

От мугри
до вечер
јачи
Бигла,
Илијна,
Галичица,
Сува Гора!
И како поројник дош
от, врф
от рид,
от дол –
јурнал роб до роб.
Горна
и Долна
Преспа
се у дим!
И Костур..
И Лерин…
И Охрид..
И Кичево!
Се ежи Прилеп.
А Солун,
Гевгели,
Ениџе Вардар,
Тиквеш,
Воден
и Сер…
Чекат,
трпнат,
траат,

VI

Илјаду деветстотини и треќа.
ИЛИНДЕН –
празник
на робја,
на машкос,и на крф!
ИЛИНДЕН
буна
на гладни,
на голи
и без дом!
ИЛИНДЕН
камшик
за султан,
за паша
и за бег

VII

Над Перистер тегне мрак.
Се трупа аскер,
Назр паша е в бес
Смилево гори.
Мајки кубат коси.
Пискотиници.
Грозен час,
Сугаре,
Груе,
рој –
безброј
се на штрек.
Град по град,
крај по крај,
паѓат.
Град по град,
крај по крај,
горат.
Демир Исар е под нош.
Крушово трпн
а на Мечкин Камен зјае гроб,
Питу Гули е во крф.
На ужас Вардар вие,
се смрштил темен Шар.
А Струма крвој мие,
и Пирин рана крие,
над робја гори жар!

VIII

Илинденци,
Илинденци,
вашиот дуф
не чува,
не крепи,
не вика,
над карпи,
по ниви,
крај реки,
на снчеф,
на бурен,
на ноф –
последен,
последен
ИЛИНДЕН!

Софија, 1940 г.

Напишете коментар