Skip to content

Димитар Башевски, плоден македонски современ автор

Димитар Башевски е роден во с. Ѓавато, Битолско на 27 јуни 1943 година. Завршил Филозофски факултет на Универзитетот во Скопје. Долги години работел како новинар, уредник и постојан дописник на весникот „Нова Македонија“ од Атина. Бил директор и главен уредник на издавачката куќа „Култура“. Сега е главен уредник на издавачката куќа „Слово“. Поранешен претседател на Македонскиот ПЕН центар. Член на ДПМ од 1969 до 2012 година. Автор е на седум романи за возрсни и еден роман за деца, повеќе збирки поезија, а најновото дело со есеи „Писма од карантин“ го обави во 2021 година.

Застапуван е во антологиите на македонската поезија и проза. Преведува од англиски и од словенските јазици. Добитник е на наградите: „11 Октомври“, „Рациново признание“, „Ванчо Николески“, „13 Ноември“. Лауреат е на престижната награда „Роман на годината“ на Утрински весник за неговото дело, романот Бунар, 2001 и на наградата „Св. Климент Охридски“. Романите „Круг“ и „Бунар“ во последните две години добија бугарски изданија од две издавачки куќи во Софија. Неговите книги освен на бугарски досега се преведувани и објавувани и на англиски, чешки, романски, српски, турски, црногопрски,  албански и грчки јазик.

Прочитајте ги неговите стихови „Скршнување“.

Напишете коментар