Skip to content

10 прекрасни цитати за пријателството кои секој мора да ги прочита

Пријателството е една од најбитните врски која може да поврзе две човечки суштества. Пријателите се тука за убавите, грдите, тажните и среќните моменти и сѐ она што доаѓа измеѓу нив, па  затоа за денес, во чест на пријателството, ви подготвивме 10 прекрасни цитати за него. Уживајте во читањето.

1. „Пријателите треба да бидат како книги – неколку, но добро одбрани“. – К. Ј. Лангенховен

2. „Нема нешто што не би го направила за оние кои ми се вистински пријатели. Не знам да ги љубам луѓето половично, тоа не е во мојата природа“. – Џејн Остин

3. „Многу луѓе ќе влезат и излезат од вашиот живот, но само вистинските пријатели ќе остават отпечатоци во вашето срце“. – Елеонор Рузвелт

4. „Пријател е некој кој знае сè за вас и сепак ве сака“. – Елберт Хубард

5. „Ништо не прави Земјата да изгледа поголема од пријателите на далечина. Тие го прават растојанието“. – Хенри Дејвид Торо

6. „Птица – гнездо, пајак – пајажина, човек – пријателство“. – Вилијам Блејк

7. „Стариот пријател е најдоброто огледало“. – Џорџ Херберт

8. „Битни се пријателите што може да ги побарате во четири сабајле“. – Марлен Дитрих 

9. „Нема ништо подобро од пријател, освен пријател со чоколадо“. – Линда Грејсон

10. „Некои се обраќаат кај свештеници, други ѝ се обраќаат на поезијата, јас, пак, на моите пријатели“. – Вирџинија Вулф

Прочитајте и „Петре М. Андреевски: Цитати за животот, љубовта и пријателството“.

Напишете коментар