Skip to content

Песна на денот: „Лист“ од Ацо Шопов

Денес ја читаме преубавата песна на Ацо Шопов насловена „Лист“. Песната е кратка, но прекрасна, полна со емоции и симболика. Се надеваме дека ќе уживате во читањето.

Се откина од гранката сам, полека и несетено
и остана во воздухот да лебдее така.
Мислејќи дека е жолта пеперуга, детено
пружи по него рака.

И не се измени ни со прелив мал
на есента божилото.
Само гранката задржа скриена жал,
жал за зеленилото.

Напишете коментар