Skip to content

10 афоризми од Миле Ѓорѓијоски од збирката „Одиме на Венера“

За денес избравме 10 афоризми од афористичарот Миле Ѓорѓијоски кој има објавено бројни книги со афоризми. „Одиме на Венера“ е издаена во 2022.  Тој е добитник на бројни награди, преведуван е на повеќе јазици, член на Друштвото на писатели на Србија, член на БАК Белград и на „Наџи Наман“ Либан, како и на ЗНМ. Во продолжение избор на неколку афоризми од второто издание на „Одиме на Венера“.

1. Се бараат живи, за да се утврди од што живеат.

2. За оние што бараат работа, секој ден е работен.

3. Не сме сами. Велат, и на Венера немало живот.

4. Има нешто појако од нас. Нашите Слабости.

5. Бараше маж на погрешно место. Во сопругот.

6. Парадокс: Стравот од смртта нè оддржува во живот!

7. Пред да се ожени, многу ги сакаше жените.

8. Сите сме како еден! Никој не смее да писне.

9. Врв на дволичноста: јавна личност со тајни сметки.

10. Има нешто појако од него: слабоста кон жените.

Прочитајте ги и следниве афоризми за деца од авторот.

Напишете коментар