Skip to content

10 цитати од Франц Кафка кои секој мора да ги прочита

Франц Кафка е еден од највлијателните и најталентираните писатели од дваесетиот век. Неговиот едноставен, скоро фотографски стил на пишување проткаен со реализам, симболика, алегорија и елементи на фантастичното му даваат еден уникатен потпис преку кој неговите дела лесно се препознаваат. Покрај тоа, Кафка добива и своја придавка. Имено, кога велиме дека нешто е „кафкијанско“ мислиме на нешто што потсетува на кошмарните карактеристики кои се проткајуваат низ фиктивните светови на Франц Кафка. Во чест на сево ова, денес приготвивме десет цитати на Кафка кои секој мора да ги прочита. Уживајте во читањето.

1. „Младоста е среќна бидејќи има капацитет да ја види убавината. Секој кој ја задржал способноста да ја види убавината, никогаш не старее.“

2. „Започнете со она што е правилно, наместо со она што е прифатливо.“

3. „Размислуваат за нешта за коишто немаат никакво разбирање. Само поради нивната глупавост можат да бидат толку сигурни во себе.“

4. „Пишувам различно од она што го зборувам, зборувам различно од она што го мислам, мислам различно од начинот на којшто сакам да мислам и сето тоа продолжува во најдлабоката темница.“

5. „Подобро да имате, а да не ви треба, отколку да ви треба, а да немате.“

6. „Несреќата на Дон Кихот не беше неговата имагинација, туку Санчо Панса.“

7. „Оние кои не го паметат минатото се осудени да го повторуваат.“

8. „Изморен сум, не можам да мислам на ништо и само сакам да легнам во твојот скут, да ја чувствувам твојата дланка на мојата глава и да останам така цела вечност.“

9. „Има бескрајно многу надеж во универзумот… но не за нас.“

10. „Патеките се создадаваат со движење.“

Прочитајте и „Детална биографија на Франц Кафка, мајсторот за создавање апсурдност“.

Напишете коментар