Skip to content

Човекот и мачето – Поучна приказна

Еден ден, додека еден постар човек се шеташе низ паркчето близу неговата куќа здогледа мало маче заглавено во дупка. Колку и да пробуваше, колку и да се гребеше и тегнеше, мачето не можеше да излезе. Човекот, гледајќи го тоа, реши да му помогне. Полека пријде кон дупката и ја испружи раката за да го фати, ама мачето од страв му ги зари ноктите. Човекот крикна, но по неколку минутки проба пак и пак и пак.
„Престани да му помогаш на мачката, жити Бога! Те искасапи за ништо! Остави ја, ќе си излезе сама!“, му викна еден млад дечко кој стоеше малку понастрана, но човекот не го послуша. Одново и одново пробуваше сѐ додека на крај не го извади мачето надвор, а потоа откако го пушти му пријде на дечкото и го потапша по рамо.
„Сине, да ти кажам нешто. На мачката инстинктите му велат да греба, а моите мене да љубам, да се грижам и помагам. Може ќе излезеше сама, ама јас немаше да бидам мирен ако ја одминев, исто ко што не би сакал, ако мене ми се случи нешто, некој да ме одмине.

Прочитајте и „Езоп за деца: „Чинарот“ – Поучна приказна“.

Напишете коментар