Skip to content

Песна на денот: „На Алтија, од затвор“ од Ричард Лавлес

Ричард Лавлес е англиски поет од седумнаесетиот век. Тој се смета за поет од школата на кавалери – титула со која се здобил поради неговата лојалност кон кралот, Чарлс I за време на граѓанската војна во Англија (1642–1651). Чарлс долго време ги поддржувал поетите, а кога избувнала граѓанската војна, поетите решиле да го поддржат него и така настанала групата „Поети – Кавалери“.
Најпознати дела на Лавлес се поемите „На Алтија, од затвор“ и „На Лукаста, Одејќи во војна“.
Во прилог, на македонски јазик можете да ја прочитате поемата „На Алтија, од затвор“. Прекрасна поема низ чии стихови се ткаат љубовта, патриотизмот, гордоста и доблестите. Уживајте во читањето.

Штом Љубовта со своите распуштени крилја
Ќе ми залебди пред портите
И ќе ми ја донесе мојата Божествена Алтија
со таен шепот пред решетките:
Штом ќе легнам заметкан во нејзините коси,
И окован за нејзините очи,
И птиците што низ воздухот се залебдени,
Нема да знаат за такви слободи.

Штом преполнети чаши брзо ќе се подаваат,
И од Темза веќе нема да се раствараат,
На нашите безгрижни глави Рози застоени,
Во нашите срца верни огнови;
Штом жедната тага во вино ја натопиме,
Штом здравици и чаши ослободиме
И рибите што пијат длабочини,
Нема да знаат за такви слободи.

Штом, заробен ко конопларчето јас
со пискав глас ќе запеам
За сладоста, за милоста, за Височеството,
И славата на Кралот:
Штом гласно кажам јас на народ колку добар е,
Колку велик е,
И моќните ветрови што ги диплат големите поплави,
Нема да знаат за такви слободи.

Затвор не прават камени ѕидини,
Ниту кафез железни решетки;
Засолниште им е тоа таму
на тивки и невини умови.
Ако сум неврзан да љубам
И слободна ми е душата,
И на небеса што лебдат Ангели
Не ќе уживаат во такви слободи.

Препев: Анастасија Лефкоска

Напишете коментар