Skip to content

10 цитати кои ја докажуваат важноста на мирот

Мирот е есенцијален за живот и опстанок на едно нормално и здраво општество, па затоа за денес ви подготвивме десет цитати кои ја докажуваат неговата важност. Уживајте во читањето.

1. „Не е доволно да се зборува за мир. Човек мора да верува во него. И не е доволно да се верува во него. Човек мора да работи за да го постигне“. – Еленор Рузвелт

2. „Кога моќта на љубовта ќе ја надмине љубовта кон моќта, светот ќе го запознае мирот“ – Џими Хендрикс

3. „Мирот не е само далечна цел што ја бараме, туку средство со кое доаѓаме до таа цел“. – Мартин Лутер Кинг Џуниор

4. „Мирот е секогаш убав“. – Волт Витман

5. „Сонувам за Африка која е во мир со себе“. – Нелсон Мандела

6. „Ако не можеш да го најдеш мирот во себе, нема да го најдеш никаде“. – Марвин Геј

7. „Мирот е единствената битка што вреди да се води“. – Алберт Ками

8. „Мирот е подарокот што си го дадовме“. – Ели Висел

9. „Треба да се чувствуваш убаво и треба да се чувствуваш безбедно. Со што и да се опкружиш треба да ти носи умствен и душевен мир“. – Стејси Лондон

10. „Не го сакам оној мир што го надминува разбирањето, го сакам разбирањето што носи мир“. – Хелен Келер

Прочитајте и „10 цитати за летото, морето и сончевите денови“.

Напишете коментар