Skip to content

Поезија за деца: „Каде спие Сонцето?” — Ванчо Полазаревски

Денеска, како избор за најмалите ја имаме песната „Каде спие Сонцето?” од писателот за деца, Ванчо Полазаревски. Интересна песничка која низ рима нуди еден мошне креативен одговор за тоа каде всушност спие Сонцето. Уживајте во читањето.

Кога спиеме ние
каде оди сонцето,
белки и тоа спие?
Тајната се растајни лесно
и тоа беше многу интересно.
Малечкиот Иги,
наместо да спие
тргна да види каде тоа
сончко цела ноќ се крие.
И сѐ уште не им
верува на очите
кога виде каде сончко
ги минува ноќите.
Кога ќе се измори
од обврски денски,
сонцето ужива во
кревет откачен, ептемски.
Направен од парче небо
и грст ѕвезди
во него сонцето нанка,
во сон по небото езди.
Покриено е со
облаче боја лила,
како само ужива,
мајко мила.
Ете така сонцето спие,
а што сонува – погодете вие.

Напишете коментар