Skip to content

Тајната на мислите – Сузана Д.Рулеска

Како поглед скриен во тајните свети
како очи кои поглед бараат,
како светлина од душата што извира
како тајна што се бара себе си.
Како ѕвездено небо над нас,
како мене, како тебе, како нас
е тој поглед скриен длабоко
во тајната своја.
Во храмот на светлината
како без надеж, но со верба
како суша во пустина, но со капка вода
како отуѓени, но со љубов.
Во двобојот мислите
на месечината и ја оставаат победата,
на бојното поле аморови стрели
не прободуваат,
во беспомошноста ја бараме храброста
на ахиловата пета.
Колку погледи се во костец со очите,
колку тие го замаглуваат видот
но тој допира длабоко во висините
како отворен прозорец
на светите тајни.

Автор: Сузана Д.Рулеска

Напишете коментар