Skip to content

Песна на денот: „Слободата на сонувачите“ – Влада Урошевиќ

Денес ги споделуваме стиховите од поемата „Слободата на сонувачите “ на македонскиот поет, Влада Урошевиќ. Песната се состои од три строфи низ кои е опишана потребата за слобода на сонувачите, а како и каде тие ја пронаоѓаат својата слобода, прочитајте подолу.

Целта им е далечен остров.
Ако викате не ќе ве чујат.
За нив е мошне просто
да пловат против струјата.

Ги отфрлуваат своите чевли.
Го крадат златното руно.
Полетани од далечните евли
ги хранат птиците од клунот.

Ги поттикнува случај.
Низ непредвидености бродат.
Будењето ги заклучува,
сонот им ја отвора слободата.

Напишете коментар