Skip to content

Езоп за деца: „Ѕвонче за Мачката“ – Поучна приказна

Еднаш, Глувците решија да се состанат за да се договорат како да се решат од нивниот страшен непријател, Мачката. А, ако веќе не можат да најдат начин да се решат од неа, барем да најдат начин за можат да слушнат кога доаѓа, па да се скријат, зошто нешто веќе мораше да се направи. Со години трпеа терор, живееја во страв и поради тоа не можеа ни да излезат од своите домови.
Многу планови беа разгледани на овој состанок, ама ниеден не беше како што треба. На крај, еден млад Глушец рече:
„Имам план што е изгледа многу едноставен, ама сигурен сум дека ќе успее. Сѐ што треба да направиме е на Мачката да му ставиме ѕвонче околу вратот, така однапред ќе знаеме дека доаѓа.“
Сите Глувци се изненадија и малку промрмореа зошто баш тие не се сетија на овој совршен план, но насред радувањето се јави најстариот од нив и тивко, но цврсто рече:
„Мислам дека планот на младиот Глушец е многу добар, ама дозволете ми едно прашање: Кој ќе му го стави ѕвончето на Мачката?“
Сите наеднаш онемеа, а тој продолжи:
„Пријатели, едно е да се каже што треба да се прави, ама сосема е друго истото тоа да се направи.“

Прочитајте и „Ехо – Поучна приказна“.

Напишете коментар