Skip to content

Таа отсекогаш целата – Пол Елијар

Ако ви речам „Сé напуштив“
Тоа е зашто таа не го дели телото со мене,
Никогаш не сум се фалел со тоа,
Тоа не е вистина
И маглата од дното кон кое се движам
Не знае никогаш дали сум поминал.

Ладилото на нејзината уста, одразот на нејзините очи,
Јас сум единствениот што знае за нив да зборува
Јас сум единствениот што е опфатен
Од тоа огледало во кое воздухот минува низ мене
И каде што тој има лице, едно сакано лице
Едно лице што сака, твоето лице
О ти што немаш име и што другите не те знаат
Морето ти вели: дојди врз мене, и воздухот: дојди врз мене
Ѕвездите те претскажуваат, облаците те замислуваат
И кртва распрострена во најубавите мигови
Крвта на несебичноста
Те носи со уживање.

Јас ја пеам големата радост што можам да те опејувам
Големата радост да те имам или да те немам
Наивноста да те чекам, невиноста да те познавам
О ти која го укинуваш заборавот, надежта и незнаењето
Која ја укинуваш отсутноста и која ме внесуваш во светот
Јас пеам за да пеам, те сакам за да те опејувам
Тајната низ која љубовта ме создава и се ослободува.

Ти си невина, ти си поневина од мене.

Напишете коментар