Skip to content

Поезија за деца: „Шумскиот шаман“ од Ванчо Полазаревски

Денеска, како избор за најмалите ја имаме песната „Шумскиот шаман” од писателот за деца, Ванчо Полазаревски. Интересна песничка за шаманот кој ја лекува шумата. Кој е тој, кого лекува и зошто организира шумски бал, прочитајте подолу.

Зеленикус,
специјалист по
скршеници на гранки
и на дрвца млади танки,
вчера го излечи
своето стотто дрво.
И реши, како прво,
зелената гора
да слави мора,
сѐ до рана зора.
На тој шумски бал
повикан е секој жител
и голем и мал.
Ќе се слави
заздравување
на оваа шума,
од кршења гранки
таа глупава чума.
И на тие што ќе дојдат,
јасно треба да им биде,
нема кршење гранки
и дрвја да се крадат,
имаат нос, уши, очи…
нека гледаат и
со зеленило се сладат.

Напишете коментар