Skip to content

Плетенка на животот – Благица Гаврилоска

  • by

Животот е глобална плетенка
на оваа наша заедничка планета
исткаена со нишки од
разновидни бои
Некои се светли и бели
некои нишки се црни и сиви
И во истиот миг
некаде песна се пее и се слави
а некаде некој умира и душата плаче.
Испреплетена е оваа наша живеачка
со црно бели нишки.
Во белата е вткаена среќата и радоста
Во црната е вткаена несреќата и тагата.
Но животот има и колорит од различни бои и нијанси
во црвената е вткаена љубовта
Но ах таго голема
не сме моќни црната да ја избришеме
и само со бела да ја обоиме.
Но едно само знам
да имаме моќ и сила
и животот да го обоиме со црвена боја
да го обоиме со боите на љубовта меѓусебна
зашто црвената има моќ,
животот да го обои бело
срцата да ги сплоти и згрее
и во маката утеха секому да му даде.

Напишете коментар