Skip to content

Неповтроливите моменти постојат за да ги доживуваме целосно и свесно

Неповторливите моменти како што кажува и нивното име кога еднаш ќе се случат не се повторуваат. Секоја измината минута е неповторлива и нема да има друга што ќе биде идентична на неа. Од нас она што се бара е да бидеме целосно присутни во моментот доживувајќи ги свесно работите. Кога не сме целосно свесни тогаш реалноста ја доживуваме малку поинаку, искривено. Затоа е важно да сме присутни во сегашноста, со сите наши сетила и со цело наше битие.

Пропуштените шанси биле дел од тие неповторливи минути, среќните и тажните мигови што не траеле вечно се дел од нив исто така. Искористените шанси се дел од неповторливите моменти кои се мерат во часови. Еден поминат час од денот повеќе нема да се врати назад. Дури и кога деновите наликуваат еден на друг сепак тие се различни. Тоа би можеле и самите да го посведочите ако веќе не сте го забележале овој “феномен“. Нема два дена исти, нема два часа исти. Ниту ние самите не сме истите со секој изминат ден.

Токму поради ова треба да знаеме да уживаме во неповторливоста на моментите кои се скапоцени. Прошетката со саканите, заедничките активности, долгите разговори со шолја кафе или обичното молчење во туѓо присуство не смееме да ги потценуваме. Секое ново изгрејсонце и секое заоаѓање на сонцето ние сме благословени што сме имале прилика да ги дочекаме. Да уживаме во магичноста и неповторливоста на моментите баш такви какви што се. Неповторливи и бесценети.

Напишете коментар