Skip to content

Пак ли?!

  • by

Затемнето фоаје, во агол два абажура.
Пепелник порцелан со пура.
Џизд, потсетник на Тиери Ноир.
Стол ‘рчпал, на него изветвени чои.
Џиш силуета со поглед мистичен.
Но до мене ечи крик сатиричен.
Ситни часови демнеат во мракот.
Џамлак летовен сведок за пакост.
Затворен круг, душа над ѓевгир.
Дамла па бол, на раззеленет баир.
Бандаџии музицираат по друмот.
Милозвучни ноти читаат од умот.
Звук пискалец продира од гусла.
Ум умува, навлегува и думка.
Дупла чаша рум, насмев цавти.
Ерупција на љубов… пак ли?!

Напишете коментар