Skip to content

Кон Македонија – Анте Поповски

Постара си од гороцветот и ножот

— И тоа е сè.

Во една твоја црква

Откопан е зборот востание.

Еве го и најдревниот глужд

Со твоето име.

Заградена си од време

И свртена кон едно друго време.

Те молам,

Благословиме за покорник

На твојата религија на недојденото

Напишете коментар