Skip to content

Жива – Радован Павловски

Го надлетала денот
ја надлетала ноќта
птица

Опколена во летот
сама во себе слетала

Ни земјотрес ни одземање на воздухот
телото на зборот не го поместија

Отворила птицата брава
клуч зачувала
јајце и остров.

Напишете коментар