Skip to content

Промоција на книги на авторката Јасмина Јошевска на хуманитарен настан

Промоцијата на книги на авторката Јасмина Јошевска на хуманитарен настан ќе се одржи на 04 декември 2022 година. Настанот започнува во 13 часот во концертната сала на Домот на армијата во Скопје. Покрај промоцијата на која ќе учествуваат промоторите на книгите ќе има и водители и музички изведувачи. Дел од промоторите на книгите ќе бидат Денис Бојаров и Гордана Такец. Авторката ве повикува сите кои можете да појдете да бидете дел од овој настан. На својот фејсбук профил таа напиша: „Почитувани повелете на еден несекојдневен настан со промоција на мои 7 книги и виртуозни моменти на изведувачите кои ќе ве однесат далеку од едно секојдневие а всушност целта е хуманоста. Со љубов и почит кон сите вас“.

Напишете коментар