Ја имаш најубавата коса што некогаш сум ја видел! Создадена за моите прсти да си играат со неа и да ја мрсат додека ми седиш во крило. Можам без престан да те милувам по косата, а нејзиниот мирис кој е својствен само за неа засекогаш ќе ми остане врежан во мирисните сетила. Во коси да ти спијам, без престан да те љубам – пееше Тоше, а јас тоа сакам да го извикам на цел глас, но и тоа не е доволно за да ја искажам мојата желба колку посакувам да се будам покрај тебе. Сакам секоја вечер да го впивам твојот мирис, а секое утро да ме буди мирисот на твојата коса. Ах, ништо не може да ја пополни онаа празнина кога те нема! Те барам во секоја, секоја налик тебе ме потсетува на прекрасното женско суштество кое ми го украде сонот, но сфаќам дека никоја не може да биде ТИ затоа што ти си единствена. Да бидеш блиску до мене, да трепериш во моите прегратки додека усните страсно ни се спојуваат…Дозволи ми да ти се приближам, да го скршам твоето ледено срце и да станеме едно. Не дозволувај ништо да ни застане на патот, да чекориме заедно по долги патеки и да освојуваме нови висини, бидејќи знаеш дека заедно ќе бидеме посилни. Нема да постои ниту една причина која ќе ме спречи во мојата намера, запамти: “само оној кој е храбар и упорен до крај – победува!”.
http://www.youtube.com/watch?v=1KkJMmJAg5w
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.