Се појави во мојот живот сосема неочекувано и направи целосен пресврт. Викаат она на што најмалку се надеваш – тоа ќе се случи. Дали навистина во тој период најмалку се надевав на ваква бура или потајно кога-тогаш ја очекував да се појави како некој морепловец кој во секој момент е спремен да се бори со немирните бранови? Беше неповикана во моите соништа, бев убеден дека во моите мисли нема повеќе место за ниедно женско кое ќе ми навлезе во длабочините на моите мисли и ќе се задржи толку долго време. Беше мистерија која сакав да ја откријам. Од ден на ден посакував по малку да откривам дел од сложувалката наречена ТИ и да ја составам цела. Немирен бран кој ми ја разбранува секоја заспана емоција, ми ги разбуди сите сетила и ме натера да се почувствувам посакувано, привлечно и сакано. Можеш ли да замислиш колку посакував да сретнам личност слична на тебе и дека не верував дека таква личност би можела да ми стане дел од секојдневието, а посебно дел за мене најзначаен и најпосебен? Можеш ли да замислиш колку си ми потребна? Можеш ли да замислиш дека никогаш не би помислил дека можам толку силно да сакам и посакувам некого? Можеш ли?
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.