Skip to content

Моменти

Срцепарателни.
Сведоштво за твојата човечка природа.
Разделни.
Причина за јакнење и продолжеток на својот пат.
Болни.
Што ти го запираат здивот.
Среќни.
Допираат до длабочините на твојата душа нежно галејќи ја.
Длабоко врежан секој важен момент останува во твоето сеќавање засекогаш.
Момент кој ќе го носиш во куферот со спомени се додека твоето срце чука.
Со борба за да го доживееш моментот кој го заслужуваш.
Со секое отчукување на твоето срце живо се сеќаваш на моментот кој ти го смени животот.
Моментите како нераскинлив дел од животот.
Скапоценост што се заслужува со животното искуство.
Парче надеж и доказ дека си жив, дека додека има моменти и ти се случуваат – живееш!
Како вечни животни сопатници минатите моменти се претвораат во сеќавања кои никогаш нема да те напуштат.
Дури и кога ќе бидеш стар и обелен ќе се сеќаваш на ТИЕ моменти.
Живеј во овој момент, овде и сега!
Искорсти ја твојата шанса и прави незаборавни МОМЕНТИ.
Моменти еден ден проследени со сеќавања.
Моменти што ќе те одржуваат во живот.
Моменти проткаени со желба повторно да се вратиш во младоста.
Моменти кои чекаат да бидат доживеани.
Моменти што треба да ги доживееш.
За да созрееш, да се наполниш со животно искуство, да пловиш низ твоето време желно посакувајќи да доживееш незаборавни моменти.
Потруди се.
Чекори по својот пат и живеј за твоите моменти!

Image

Напишете коментар