Skip to content

Многу прашања со различни одговори

Image

Колку пати денес си заблагодари дека си жив и здрав?

Колку пати ги прегрна тие околу тебе, колку и да те нервираат?

Колку долго уживаше во сопственото присуство, посветувајќи си време само за себе?

Колку пати посака да побегнеш од местото каде што се наоѓаш и макар на една недела да се одмориш од сите обврски кои ти тежат?

Колку книги прочита последниов месец?

Колку боли кога не можеш да заспиеш кога не е покрај тебе?

Колку посакуваш да ја гледаш како спие и да и го впиваш мирисот од нејзината коса?

Колку пати посака да и најдеш барем една мана за да и раскинеш, а сепак поради една причина продолжуваш со неа.

Колку пати си бил вистински заљубен? Знаеш ли всушност дека тие два збора се многу повеќе од само еден обичен збор?

Колку ти е тешко да кажеш едно такво тежинско ”те сакам”?

Колку пати си се жртвувал да не гледаш фудбал со пријателите за цел ден да го поминеш со неа на шопинг?

Колку пати си посакал да биде мајка на твоите деца, а се плашиш од чекор понатака?

Колку навистина ја цениш и дали знаеш што имаш покрај себе?

Image

Напишете коментар