Постојам
Додека дишам – постојам.
Постојам со причина.
Причини кои ме одржуваат во живот.
Без нив јас не би била јас.
Ниту денот би ми бил исполнет.
Постојам овде и сега.
Безгранично размислувам
И го прифаќам секој предизвик
Зошто ништо не ме плаши
А, она што ме повредува ме прави посилна.
Посилна за да продолжам да постојам.
Посилна во овој свет од шаренило и сивило.
Плач и насмев.
Јинг и јанг.
Црно и бело.
Ден и ноќ.
Спротивни како север и југ.
Без спротивности би било здодевно.
И за да не бидам повеќе здодевна
Овде ја завршувам мојата недоволно
инспиративна поезија.
Многу повеќе пишува од тоа што е напишано, а не може да се прочита.
До следна прилика, уживајте во летните ноќи. 🙂

Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.