Skip to content

Дали го заслужуваме ова?

Image
До каде стигнавме?

Кој ли беше патот што го изодевме?

Зар јас, ти, тој, таа и сите сакавме ваков пат?

Изнемоштеност од патувањето.

Лицемерство до небо и назад.

Дволичноста вришти од сите страни.

Зар таа е највисоката цел?

Искреноста за жал денес ретко ќе ја најдеш

лагата струи низ воздухот

Зар тоа го заслужуваме?

Посакај си среќа

Зар немаш право на неа?

Посакај си љубов

Зар не треба таа да ти биде водич?

Посакај си здравје

Зар не треба цел живот да те прати?

Мислите ми пловат

Низ длабочините на времето

Зар него навистина можеме да го мериме?

Напишете коментар