Да бев сонцето
ќе сјаев силно за да
ти осветлам пат.
Нови патеки
Што ме водат до тебе
Ќе те стигнат ли?
Старите дрвја
тивко ми го шепотат
твоето име.
Жолтите лисја
сведочат за нашата
скриена љубов.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.