Води ме таму каде што припаѓам.
Таму каде што припаѓам е мојот спокој.
Мојот спокој расте кога сум во твоја прегратка.
Во твојата прегратка се чувствувам најсигурно.
Најсигурно е кога си ти до мене.
Ти до мене и никој друг.
Никој друг не може да те замени.
Да те замени срцево не може.
Срцево не може друг да сака.
Друг да сака не смее.
Не смее да сакаш друга.
Да сакаш друга ќе ме боли.
Ќе ме боли ако ми речеш дека не ти значам.
Дека не ти значам не е точно.
Не е точно дека не ме сакаш.
Не ме сакаш колку што те сакам јас.
Колку што те сакам јас – неизмерно!
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.