Љубов ли е кога најмногу од сѐ сакаш тој да е среќен па дури и без тебе?
Љубов ли е кога неговата прегратка ти е најсигурно место на светот?
Љубов ли е кога иако сте биле цел ден заедно, само што ќе се разделите почнува да ти недостига?
Љубов ли е кога ќе ти се јави навечер да ти посака добра ноќ?
Љубов ли е кога ќе ти се јави само за да ти го слушне гласот?
Љубов ли е кога ќе ти се појави на врата ненајавен, а ти целата разбушавена и пак ти вика дека си најубава?
Љубов ли е кога ќе те бакне на чело?
Љубов ли е кога играте заедно видео игри?
Љубов ли е кога пропушта да гледа фудбал со другарите само за да помине цел ден со тебе?
Љубов ли е кога ќе ти ја пушти омилената песна и те вика да танцувате?
Љубов ли е кога ќе ти го зготви најомиленото јадење?
Љубов ли е кога ќе носиш негова кошула?
Љубов ли е кога ќе му речеш: „не ми е воопшто гајле“, а двајцата знаете дека ти значи.
Љубов ли е кога ќе ти каже дека си посебна?
Љубов ли е кога ќе те испрати до дома и ќе ти рече: „чувај се“?
Љубов ли е кога одненадеж ќе те прегрне?
Љубов ли е кога двајцата заедно гледате хорор филм?
Љубов ли е кога тој ти претставува рамо за плачење?
Љубов ли е кога не можеш да си замислиш повеќе ни ден без него?
За сите вљубени и оние кои сакаат набрзо да се вљубат, љубов ли е што ли е.
Но, како и да е нема поболно и поубаво чувство од неа!
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.