Над земја-небесен шир,
под небесен шир-земја
на земја човек
под земја впиени тага и бол
до кога вака скршен и гол?
Копнеж за љубов и дом
зар има место за мене на овој свет,
како овенат цвет,
деновите ми се броени,
земјата дом, сонцето пријател,
немам ништо, но сепак имам сѐ,
живот имам, живот
кој е повреден од сѐ на светов!