Не знаеше да ја задржи. Неочекувано влезе во неговиот живот, направи пресврт и потоа си замина. Ако му е. За тип како него таа болка која таа ја остави зад неа беше малку. И таквите како него знаеле за болка и за патење иако изгледаат како неуништлива карпа која ништо не може да ја сруши. Како што се распрскуваат брановите на крајот од брегот, се распрсна и нејзината љубов кон него. Не беше сигурна дали тој ја сакаше вистински, ниту беше сигурна во нејзините чувства, сепак уживаше во негово присуство додека траеше. За неа беше доволен фактот тоа што неговото присуство ја прави среќна, а за чувствата ќе расправаше понатака. И само што почна да се заљубува во него тој испадна идиот, идиот ист како претходните кои ги имаше сретнато во нејзиниот живот кои мораше да ги остави затоа што не ја заслужуваа. Рано беше да се каже дека си поигра со нејзините чувства, но си поигра со нејзината доверба за чие градење беа потребни цврсти темели, а тој ги урна сите со само еден чекор. Не и беше ништо повеќе важно. Реши да стави крај и да си замине од него. „Ќе сфатиш што си изгубил еден ден“ тивко прошепоти пред да исчезне. Се обидуваше да ја добие на телефон, но таа повеќе не го знаеше неговиот број, не знаеше за неговиот глас, не сакаше повеќе да биде дел од неговиот живот. Сѐ што ја потсетуваше на него се обиде да го уништи, да го закопа некаде во минатото и да го заборави.
Ја имаше, но ја изгуби. Исчезна како пареа што се губи високо во воздухот оставајќи зад себе траги и понесувајќи лузни кои секогаш ќе ја потсетуваат на него иако не сакаше. Штета, можевме да имаме многу повеќе си помисли тој.
За жал, доцна ги откри неговите емоции, сега е веќе прекасно. Ама тоа беше доказ дека и идиотите знаеле за чувства.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.