Не изусти ни еден комплимент
и пак ме освои
без зборови
со дела.
Молкот кој беше погласен и
од најјаката бука
испушташе љубовни звуци
следејќи го ритам на нашите срца
кои чукаа како едно
збороувајќи колку силно
може некој да се посакува.
Го сакам молкот кој ми кажува
дека сум ти потребна
тоа се чита во твоите очи.
Го сакам погледот кој ми вели
дека ти фалам
се познава по допирот твој кој
прави да се наежам и
повторно да те повикувам во мислите
Не само во мислите,
туку и во душата.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.